Спасовски не размислува за оставка, одговорноста ја бара кај судиите кои не одредиле притвор за Груевски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе поранешниот премиер Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шутка, но размислува за одговорноста која треба да се бара кај судиите, кои не одредуваат притвори за оние кои можат да избегаат.

„Размислувам во однос на одговорноста на оние кои што не им одредуваат притвори на луѓе за кои постои опасност да бегаат. Ги пуштаат да се движат слободно низ државата, да ги извршуваат сите можни работи кои што ги извршуваат и на крајот кога завршува со донесувањето на пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедени, иако се со десетина и повеќе кривични пријави и кривични дела.

Замислете има одредување притвори за разбојништво и тешка кражба а за вакви тешки кривични дела за кои се обвинети други луѓе не се одредува  мерката притвор“, вели Спасовски.

Тој пред новинарите кажа дека лицата од обезбедувањето, според нивните изјави, последен пат го оставиле Груевски дома на 8 ноември околу 23 часот. Инаку, 24-часовното лично обезбедување кое законски му следува на Груевски, го користи на негов повик.  

Спасовски додаде дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.

„Но ова не е само за Груевски туку за сите лица. Законот за кривична постапка кажува како треба да се постапува со ваквите лица. Јас мислам дека ако следиме комуникации спротивно на закон како претходно, ќе имаме сериозен проблем. Го баравме Груевски во неговиот дом, ги проверувавме возилата. Доколку имаме налог ќе влеземе во секој објект. Врз основа на добиените информации, секако ќе постапуваме. Не очекувате веројатно да ставиме линк на плоштад и да ги споделуваме сите информации од истрагата со јавноста“, истакна Спасовски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе