Функционерите можат да патуваат надвор од земјата, без да одат во државен карантин

Спасовски: Не правете тема каде што нема, секој може да патува надвор од државата

Вистинска бура од реакции предизвика вчерашната владина одлука да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За многумина одлуката значи дискриминација на „обичните граѓани“, но премиерот Оливер Спасовски денеска објаснуваше дека нема дискриминација и дека секој може да патува надвор под државата.

„Никаква одлука нема дека наши државјани не можат да ја напуштат земјата и мислам дека со ова сакате да ја дезинформирате јавноста и да првите тема од нешто каде што нема за тема. Одлуката е за изготвување протоколи за да можат функционерите да патуваат, пред сѐ за одредени настани во регионот кои што ќе се однесуваат на коронавирусот“, одговори Спасовски на новинарско прашање по излегувањето од Кривичниот суд каде што беше сведок на судењето за „27 април“.

Тој објаснуваше дека постои посебен протокол, што значи каква заштитна опрема треба да носат функционерите при излегувањето, во текот на престојот таму и при враќањето.

„Има одредени протоколи што се треба да се направи за да може да не бидат во државен карантин, бидејќи одредени функции треба да се вршат и после враќањето дома“, вели Спасовски.

Тој демантираше дека има дискриминација на обичните граѓани, изјавувајќи дека секој може да патува надвор од државата и порачувајќи дека „приказни може да си правиме какви сакаме, фактичка состојба се одлуките“.

Одлуката, како што рече Спасовски, е донесена врз основа на анализи во Комисијата за заразни болести, дополнувајќи дека според епидемиолозите, има осцилации кои се нормална појава при крајот на епидемијата, а ние влегуваме во 11-12 недела од почетокот епидемијата, но „треба да бидеме одговорни и во однос на маските и на дистанцата и да се придржуваме на мерките“.

Вчера на прес-конференција по седницата на Владата Спасовски соопшти дека државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести.

„Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.

 

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе