Спасовски не очекува зголeмен мигрантски бран, а мигрантите може само да транзитираат

Засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, но ако дојде до какво било отворање на рутатата и зголемување на бегалци тие може само да транзитираат или да бидат со времен престој до 72 часа, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Спасовски вели дека системот за добро справување со евентуална миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институции се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.

„Знаете кој е ставот и политиката на Владата во однос на мигрантите, ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, Винојуг и Табановце, и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа“, рече Спасовски.

Тој информираше дека изутрината Управувачкиот комитет на седница разговарал подетално за оваа состојба, како и дека службите следат и на дневна основа информираат, а соработката со државите од опкружувањето во овој регион е добра и со нив има постојана комуникација.

„Неколку пати сум истакнал дека прашањето во однос на миграцијата не е прашање што може да го реши една држава, туку треба да се изгради заемна политика, заради тоа што, пред се, ние се справуваме со последици, а не го решаваме проблемот, тој се решава таму кај што е неговиот извор. Сите заедно како држави од регионот се справуваме со последиците, но како и да е, сега засега, нема очекувања дека можеме да дојдеме во ситуација на зголемен мигрантски бран. Очекувам дека договорот помеѓу ЕУ и Турција ќе продолжи понатаму да функционира и да се реализира и заеднички ќе имаме можност добро да ја имплементираме целата оваа кризна состојба“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

За капацитетите на МВР за справување со проблемот, со оглед на тоа што од неодамна со него раководи технички министер за внатрешни работи, Спасовски потенцираше дека системот функционира и оти тој не може да зависи од еден човек и од тоа дали министерот или кој било функционер е еден или два месеца на таа функција.

„Јас кога станав министер бев во најголемиот бран кога во еден ден влегуваа 10.000 до 12.000 бегалци, така што системот функционира, МВР, министерствата за труд и социјална политика и за одбрана, Армијата на државата, сите заедно сме насочени максимално посветени во однос на справување со евентуален зголемен број на мигранти иако сега проценките се дека нема да има таква состојба“, рече Спасовски.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе