Спасовски не исклучува повисоки казни за неносење заштитна маска

Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење заштитни маски, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има сѐ повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во Владата разговараме за зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме сѐ што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да сносат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, сѐ повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните”, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Според него, казните се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе