Спасовски: Нападот врз полицајци и институции е вандализам, а не демократија

Демократијата не подразбира анархија, туку однесување по норми кои се воспоставени во општеството, изјави утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за синоќешните инциденти. Тој ги посети повредените полицајци и уште еднаш го осуди насилството.

Од 47-те повредени полицајци, двајца имаат сериозни повреди и се наоѓаат на клиниката за неврохирургија. Инаку потешко повредени се 11 полицајци, а на останатите им е пружена лекарска помош и пуштени се на домашно лекување.

Тој во изјава за медиумите потврди дека се приведени 11 демонстранти од кои двајца се малолетници. Според Спасовски, меѓу демонстрантите немало повредени.

„Ваков облик на организирано насилство потсетува на 27 април, 30-тина луѓе маскирани со качулки го предизвикуваа целиот овој неред, нападите на институции и на полициски службеници. Професионалниот однос на македонската полиција се огледа во тоа што имаше интервенција само врз оние кои ги напаѓаа полицајците и проведени се само оние кои извршија физички напади врз полицајците и направија материјална штета“, рече Спасовски.

Тој апелираше до сите граѓани кои, како што рече, сакаат да изразат незадоволство преку протест, тоа да го искористат на демократски начин и да не дозволат да бидат изманипулирани, бидејќи секој напад на полицаец и на витален објект ќе биде најстрого и најсериозно санкциониран.

„Посебен апел упатувам до политичките субјекти. Можат да организираат протест, но не и насилство и рушење на државата и на уставниот поредок“, изјави Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека имаат информации дека и вечерва се подготвува слично сценарио, па дури и дека една група подготвуваат молотови коктели наменети за зградите на виталните објекти и упати апел да се откажат од таквата идеја.

 

 

 

 

 

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе