Спасовски најави: Пасоши и лични карти со новото име од следната година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

„Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на реализација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши”, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Според него, важно е што постојните патни исправи и обрасци се употребуваат и државата има најдено начин за тоа до моментот додека да се направат новите и со самиот момент на можност за печатење и за имплементација на тој проект и ќе започнеме со тоа, така што, очекувам во 2021 година да започнеме со имплементација на овој проект.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе