Техничкиот премиер по разрешувањето

Спасовски: Мизрахи беше одличен избор, но во однос на државата нејзиното однесување е неприфатливо

За мене лично, Мизрахи беше одличен избор, но во однос на државата нејзиното однесување е неприфатливо. Нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски, реплицирајќи и на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Велите дека вистинската причина била зашто некој имал страв од Мизрахи. Лично, како политичар, за мене беше преубаво Мизрахи да остане до крај, да не се разреши и да продолжи со работата зашто СДСМ да бираше, немаше да избере ваков министер, но од аспект на државата не е прифатливо и нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните“, истакна Спасовски.

Додаде и дека разговарал со Мизрахи, дека и дал шанса.

Таа рече дека ќе демантира дека лошо била разбрана. Но, потоа даде демант во кој рече дека ќе плати 5.000 евра казна ама нема да ја смени таблата. Е затоа е предлогот за нејзино разрешување, нагласи премиерот уште еднаш посочувајќи дека разрешувањето не е ниту порати тоа што Мизрахи е жена или Еврејка или дека верува во една, друга или трета вера.

Спасовски и порача на Затуроска дека таа најмалку може да зборува за демокртски капацитет на Влада.

Вие шест месеци го одлагавте формирањето на владата, а со ВМРО-ДПМНЕ учествувавте во организирањето напад кој можеше да заврши со убиство во овој Парламент, рече Спасовски.

Затуроска рече дека со предлогот за разрешување на Мизрахи се прави циркуз и обид за одложување на изборите поради страв од пораз.

Претходно, во текот на расправата која почна во 22:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ го квалификува предлогот за разрешувањето на Мизрахи како шовинистички чин и побара негово повлекување.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе