Спасовски-Мишел: Нова методологија за потврда дека земјава е подготвена да ги почне преговорите

Премиерот Оливер Спасовски го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот Стево Пендаровски.

„На средбата Спасовски изрази благодарност за зголеменото внимание и отворените јавни изјави за поддршка за што поскоро отворање на пристапните преговори уште на почетокот од преземањето на мандатот на претседателот на Европскиот Совет, Мишел, и изрази очекување дека датумот за старт ќе дојде бргу по усвојувањето на новата методологија за проширување, откако земјите членки на ЕУ ќе дадат согласност за усвојување за да се испочитуваат ветувањата дадени за Северна Македонија во изминатиот период“, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Спасовски потенцираше дека за нашата земја тајмингот е од клучно значење, за да не се загрози реформската динамика која допрва треба да ја постигне својата кулминација, како и Преспанскиот договор во неговата важна имплементациска фаза во претстојниот период.

На средбата претседателот на Европскиот Совет беше запознаен со подготовките за спроведување на изборите кои треба да ги организира преодната Влада во која сега учествуваат и министри од опозицијата согласно Пржинскиот договор.

Премиерот Спасовски истакна дека освен учеството во непреченото функционирање на Владата, од опозицијата се очекува и одговорен пристап во донесувањето на Законот за јавно обвинителство, да се издигне над политикантските калкулации и да прифати дека треба да учествува во усвојувањето на законот и да биде дел од европска иднина на земјава.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на средбата истакна дека неговата посета на нашата земја, во која пристигна од Тирана, има за цел да испрати силна порака дека иднината на Северна Македонија и на Албанија е во Европската Унија, како и да искаже пораки за охрабрување за континуирано спроведување на реформските процеси и имплементација на обврските на земјата од договорите со Грција и Бугарија.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе