Спасовски: Македонија е ослободена од борците на НОБ и за тоа не треба да дебатираме

Да не заборавиме што се случувало во минатото, но да си простиме за да одиме напред, историјата да ја оставиме на историчарите, а иднината е во наши раце, порача денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за она што се случува во односите со Бугарија.

„Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, а АСНОМ е потврда. Нашата државност почива на делата на антифашизмот и во ниту еден момент тоа не смее да биде доведено во прашање“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Што се однесува до Бугарија, неговиот став е дека само преку взаемно почитување на нашите разлики и заедничката борба против говорот на омраза и нетолеранцијата може да градиме добрососедски односи и заедничка иднина, при што секоја од државите мора да го сочува своето достоинство. Тој потсети дека и во Европа не забораваат што се случило во минатото, но си простиле, бидејќи „ако не простите не може да одите напред“. Според него, не може екстремистички изјави од која било страна да не придвижат напред.   

Спасовски повика на меѓусебно почитување на нашата историја и посебност.

„Македонскиот јазик и идентитет се нешто за кое никој не смее да разговара, а не да преговара, тоа е самоопределување“, вели тој.

На прашањето дали Куманово било ослободено од страна на Бугарите, Спасовски рече:

„Факт е дека и моето Куманово е ослободено од македонските партизани, од борците кои се бореа против фашизмот. И Македонија е ослободена од борците на НОБ, тоа се потврдени факти, не треба за ова да дебатираме. Македонија беше една од државите кои се бореа против фашизмот, основата на македонската држава лежи во авнојска Југославија и во АСНОМ“.

Спасовски не одговори конкретно дали стои зад ставовите на премиерот Зоран Заев, искажани во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, изјавувајќи дека „сѐ она што се прави од премиерот и од Владата е да ги отвориме перспективите, преку достоинство на двата народа и држави, притоа да не заборавиме што се случило, но да си простиме за да одиме напред“.

 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе