Спасовски рече дека неговиот заменик Назим Буши е казнет и затоа носи маска, одговарајќи на новинарско прашање за прославата на роденденот на лидерот Али Ахмети во Министерството за политички систем на која се виде дека никој не носи маска.
„Казнети се сите до еден на таа маса, До сега не може да му замерите на МВР кога се работи за казни за државни функционери. Од премиерот, заменик-премиерот и министрите, сите до сега се казнети за превиди кои треба да се санкционираат“, рече Спасовски.
Тој додаде дека за собирот на партискиот врв на ДУИ од кривично правен аспект треба да се изјасни Јавното обвинителство дали има кривична одговорност, како и дека Државниот инспекторат за труд најавил вонреден надзор.
„Не е забрането одржување на средби и состаноци во државните институции, но мора да се почитуваат протоколите од Комисијата за заразни болести. Од аспект на прекршочна одговорност, на сите нив им се дадени платни налози, а највен е и вонреден инспекциски надзор од трудовиот инспекторат“, наведе Спасовски.