МВР

Спасовски: Камери по улиците и на полицајците

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека еден од врвните приоритети на МВР во претстојниот мандат ќе биде поставувањето камери по улиците за да се стави крај на дивеењето и брзото возење. Тој не прецизира кога ќе биде заокружен целиот процес, но нагласува дека реализацијата на проектот е во тек.

Според Спасовски, системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, ќе значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.

„Веќе пристапивме кон реализација на планот за поставување на камерите чија инсталација е една од врвните цели во овој мандатен период. Најпрво треба да поминат сите постапки од аспект на набавки и склучување договори, но тоа е приоритет број еден и се работи паралелно со сите други активности. Камерите што сега ги има во Скопје, Куманово и Тетово не се такви за да се постапува во сообраќајот. Се работи за посебен, современ систем што ќе се надгради и ќе ја опфати цела држава. Со него, ќе ги исклучиме човечките субјетивности на кои сме научени со години наназад. Системот ќе овозможи неселективност и транспарентност. Секој што нема да ги почитува сообраќакните правила и прописи ќе сноси одговорност“, рече Спасовски во интервју за Канал 5.

Тој информира и дека почна опремувањето со т.н. боди камери на полициските службеници во Скопје и Тетово. Со такви камери веќе се работи во автопатската полиција.

„Кога има камера која целосно го забележува настанот, многу поинаку се однесуваат и полициските службеници и граѓаните. Процесот за подигнување на свеста треба да почнува од најмала возраст, преку образованието и воспитувањето на децата“, истакна Спасовски, уште еднаш најавувајќи строги санкции, без селективност.

Намерата на МВР, потенцира, е преку воспоставување ваков систем, сите да бидат еднакви пред законите.

Според министерот, безбедноста во сообраќајот, за жал, е еден од најголемите проблеми кој зависи од сите нас, граѓаните.

„Избор на нов директор на македонската полиција најверојатно ќе има наредната недела или во наредните денови. Како и да е, сега директор е Сашо Тасевски и таа одлука е исклучиво во мои раце. Сакам да ги демантирам сите шпекулации што излегоа денеска во однос на поделбата на директорски места и менување на раководни структури во МВР, посебно на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Заеднички, тимски, продолжуваме понатаму зашто овој тим даде резултати во рамки на МВР и треба само да го поодбруваме, рече Спасовски.

На прашањето дали директорот на БЈБ ќе биде од СДСМ или од ДУИ, Спасовски одговори дека македонската полиција е институција во која политиката не треба да се меша со влијанија и интереси, како и дека професионалноста мора да остане врвен приоритет.

„Секаде каде што ќе има слаба алка, ќе дојде до промена на раководните структури. И тоа не е само сега, туку ќе биде во секој момент зашто е многу важно да имате вистински луѓе на вистински места. Важно е и да имате одговорни, чесни луѓе, кои раководната позиција што им е дадена ќе ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата“, истакна министерот.

Ветингот во полицијата, најави Спасовски, ќе продолжи зашто етичките норми на полицијата мора да се на високо ниво и граѓаните во нив и во МВР како институција мора да имаат доверба.

„Полициските службеници мора да имаат високо ниво на интегритет. Оние што постапуваат спротивно на законските овластувања и етичките норми, ќе бидат санкционирани за да не се фрла дамка на институцијата. Многу е важно професуонализмот да дојде до израз, да се ослободат институциите од партиските стеги, да се штити исклучиво интерсот на граѓаните, да имаме институција каква што навистина посакуваме“, подвлече Спасовски.

Во однос на заштитата од компјутерски криминал, неговата детекција и откривање, министерот рече дека посебниот оддел од МВР кој работи на оваа проблематика ќе се модернизира, доопреми и зајакне со кадровски потенцијал.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе