„Институциите на Република Северна Македонија, покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори како што доликува на земја која наскоро ќе биде членка на НАТО и е на пат да стане членка на ЕУ“, изјави Спасовски.
Во текот на денешниот ден регистрирани биле четири фотографирања на гласачко ливче и сторителите се приведени, а регистрирано е и едно оштетување на гласачка кутија од лице во село Новаци. Во село Кучичино регистрирано е лице кое делело рекламен материјал.
Спасовски соопшти дека во споредба со локалните избори во 2017 година е за пет пати намалена бројката на пријавени инциденти, а во однос на гласањето на референдумот има двојно помалку пријавени инциденти.