Претседателски избори 2019

Спасовски: Изборите минаа мирно, пет пати помалку пријавени инциденти во однос на изборите 2017 година

Гласањето во текот на денешниот ден помина мирно без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при што им се заблагодари на институциите и на граѓаните за успешно спроведените избори.

„Институциите на Република Северна Македонија, покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори како што доликува на земја која наскоро ќе биде членка на НАТО и е на пат да стане членка на ЕУ“, изјави Спасовски.

Во текот на денешниот ден  регистрирани биле четири фотографирања на гласачко ливче и сторителите се приведени, а регистрирано е и едно оштетување на гласачка кутија од лице во село Новаци. Во село Кучичино регистрирано е лице кое делело рекламен материјал.

Спасовски соопшти дека во споредба со локалните избори во 2017 година е за пет пати намалена бројката на пријавени инциденти, а во однос на гласањето на референдумот има двојно помалку пријавени инциденти.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе