Предвремени парламентарни избори

Спасовски: Избори какви што доликуваат за земја членка на НАТО

Ние сме слободна и демократска држава и кај нас слободно и демократски се гласа. Имаме историска одговорност да продолжеме со организација и спроведување на избори како што доликува на земја членка на НАТО и на земја со европски вредности, земја која е пред влезот во ЕУ, изјави утрово техничкиот премиер Оливер Спасовски по повод почетокот на кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули.

Спасовски потсети дека изборите ќе се одржат во услови на пандемија, па затоа повика на целосно почитување на пропишаните мерки за време на гласањето.

„Посакуваме успешно спроведени избори и во вакви услови со максимална заштита на здравјето на граѓаните. Државата покажа капацитет да се справува со епидемијата. На 15 јули согласно сите мерки на зашита, граѓаните ќе го остварат правото на глас. Правото на граѓаните нема да го загрози нивното здравје. Процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик ако се почитиваат мерките.

За првпат организираме избори како земја членка на НАТО и како земја членка за која се подготвува преговарачката рамка за членство во ЕУ. Затоа ни се неопходни избори по сите европски стандарди и максимален израз на личната, политичка и професионална одговорност на сите нас. Неопходен е изборот на нова, политички легитимна влада која ќе продолжи да ја води Северна Македонија на вистинскиот пат како членка на НАТО и на ЕУ. Сите актери на кампањата, секој граѓанин, сите заедно да придонесеме за фер натпревар на изборните  програми без говор на омраза. Спроведување на фер и демократски избори е врвен приоритет на оваа влада. Секое кршење на овие правила ќе биде казнето. Секоја злоупотреба на државните ресурси за партиски цели ќе биде строго санкционирана. Оваа порака ја упатувам до функционерите кои имаат пристап до државните ресурски. Граѓаните се носители на одлуките. Тие ќе решат кој ќе ја добие одговорноста да ја води државата во наредните четири години“, изјави Спасовски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе