Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во рамки на Втората Светска Војна – 2 август, на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

На свеченоста присуствуваа и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам и главниот извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио.

„Со овој настан денеска, одбележуваме еден од најтрагичните настани и процеси во историјата на човештвото – Холокаустот што за време на Втората светска војна бил извршен врз Ромите и Синтите, како дел од најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение" на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период. Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933 и 1945 година, нацистите и нивните соработници убиле стотици илјади Роми – мажи, жени и деца – во деловите од Европа кои биле под фашистичка окупација. Ромите во Европа биле мета на прогон од страна на нацистите, а масовните убиства го достигнале врвот во периодот од 31 јули до 2 август 1944 година кога Германците ја почнале ликвидацијата во Аушвиц – Биркенау, кога само во овој камп на смртта биле убиени речиси 3.000 Роми", изјави Спасовски.

Како што додаде, ова е еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат – „заборавениот Холокауст".

Затоа на овој ден им оддаваме почит и на сите активисти и истражувачи кои се дел од поширокото движење за правата на Ромите и се залагаат за признавање на овој геноцид, рече Спасовски.

Нагласи дека од огромно значење е што во 1982 година, германските власти официјално ги признаваат кривичните дела против Ромите во текот на Втората светска војна, а триесет години подоцна, канцеларката Ангела Меркел го отвора спомен обележјето посветено на геноцидот врз Ромите во Берлин.

„На 8 април 2015 година, Европскиот парламент усвои резолуција со која 2 август е прогласен за Европски ден на сеќавањето за холокаустот врз Ромите, со цел чествување на жртвите од геноцидот врз Ромите од Втората светска војна. Непризнавањето на криминалот кој се случил тогаш, се одразува врз долгорочната дискриминација на ромското население во Европа. Соодветното признавање на третманот на Ромите во минатото е од суштинско значење не само за да се обезбеди правда и достоинство на оние кои умреле, туку и за соочување со анти-ромскиот говор и однесување, и негово трајно отстранување", рече Спасовски.

Тој вели дека активностите на Владата, покрај политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, вклучуваат и мерки во борбата против антисемитизмот, против негирањето и против обидите за искривено толкување на холокаустот, дискриминацијата, говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе