За една година за 10,8 проценти

Спасовски го пофали МВР, вели намален е криминалот со дрога и оружје, но и потрагите по потерници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово соопшти дека криминалот за една година е намален за 10,8 проценти. Според министерот Спасовски, се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и потрагите по потерници.

„Криминалот за една година го намаливме за 10,8 проценти. Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата. Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници“, напиша Спасовски на Фејбук. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе