Спасовски ги повика пратениците да го донесат законот за јавно обвинителство

Сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во Парламентот, да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата и за нејзината иднина како членка на ЕУ и за правдата, и затоа го охрабрувам дијалогот со Владата за носење на законот за јавно обвинителство, порача премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

„Заврши времето само на декларации и изјави. Посебно ги повикувам пратениците од најголемата опозициска партија да се престане со партиски калкулации и политиканство, со ставање на партиските и личните интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во законот кој што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството и на јавното обвинителство, и да помогнат, бараме еднаш сега, да ги оствариме нашите интереси во делот на усвојување на законот и на добивање на датумот за почеток на преговорите со ЕУ”, рече  Спасовски.

Тој додаде дека, иако ЕУ не го поставила донесувањето на законот за јавно обвинителство како услов, неговото усвојување ќе биде дополнителен позитивен момент кој што ќе биде потребен за да ги отпочнеме преговорите што е можно поскоро.

„Очекувам дека овој дијалог ќе придонесе да се донесе ова законско решение, политиката еднаш засекогаш да ги тргне рацете од судството и обвинителството и преку законот да се гарантира правдата за секого во нашата држава. Тоа се моите очекувања. На тоа работиме сите ние во Владата и во Парламентот и целиот напор во наредниот период ќе биде да имаме успех и да го донесеме законот за јавно обвинителство", изјави Спасовски.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе