Спасовски: Барањето на Чулев за награди во МВР е гол популизам

Барањето на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за награда на вработените во МВР од 15.000 денари, премиерот Оливер Спасовски денеска го оцени како гол популизам.

„Неговото барање е гол популизам кој не може да се поврзе со наградите за вработените во здравство. Ќе ви кажам еден пример. Кога се правеше ребалансот на буџетот, министерот за здравство се бореше за да не се крати од буџетот за здравство, а Чулев самиот понуди 88 милиони, зошто не му требале. Тоа говори колку е сериозен во намерите“, рече Спасовски.

Пред еден ден министерот Чулев објави на фејсбук дека изготвил предлог уредба за награда од 15.000 денари награда за вработените во МВР, која ја доставил во Владата.

Во врска со заразените припадници на полицијата со ковид-19, Спасовски порача дека сериозност мора да има секаде, а сериозност во работењето значи и заштита на вработените.

„Зошто на премиер во Инфективната клиника нема ниту еден заболен, а тие се најизложени на евентуална зараза, затоа што ги почитуваат правилата и прописите, тоа што им се кажува и заради тоа што постои контрола. Не само во полицијата, туку во секој еден сегмент треба да се почитуваат мерките и да има контрола“, изјави Спасовски.

Тој смета дека треба да има скрининг и во полицијата врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и додаде дека почнато е со скринингот во градинките, а тоа ќе се прави и со другите институции.

„Исклучиво невнимнието приднесува да имаме зголемен број  заболени во институциите и тоа не е прв случај со полицијата, туку и со некои други институции“, рече Спасовски и повтори дека мерките важат за сите и мора да се почитуваат. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе