Спасов: Со валкана игра Ахмети на кого Груевски му даде амнестија се обидува да си ја поврати својата изгубена политичка моќ

Универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Ѓорѓи Спасов со објава на својот Фејсбук профил реагира на денешната покана од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август, каде вели дека Ахмети пак манипулира.

„Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички состанок на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците. Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на воен команданант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа амнестија за хашките случаи за какви денес им се суди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК“, напиша Спасов.

Соочен со губењето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците, посочува тој, сега Ахмети се обидува со валкана игра одново да си ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција.

„Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје.Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци. Но, за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ. Но, така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката“, напиша Спасов на својот Фејсбук профил.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе