НОВА ВЕРЗИЈА НА НАСТАНОТ

Спасов поднесе кривична пријава, со туарегот бегал од „насилници-Албанци што го нападнале“

Група Албанци од скопска Серава, кои синоќа, според заменик-министерот Диме Спасов, го бркале и го нападнале, попладнево добиле кривични пријави. Со овие кривични пријави поднесени од Спасов, заменик-министерот дава нова верзија за синоќешната сообраќајна несреќа што ја предизвикал во скопската населба Тафталиџе.

Од содржината на кривичната пријава всушност произлегува дека Спасов бегал од Албанци со дебело полициско досие. Спасов, заедно со сопатничка, околу полноќ бегал со „туарегот“ на Агенцијата за вработување од, како што рекол, насилниците што сакале да го нападнат поранешниот министер за труд и социјална политика, а сега заменик министер во тоа министерство. Откако бил пресретнат од полицајци, тој повторно избегал.

Спасов наводно бил бркан од Даут Динарица и Омер Аџами, кои како дел од криминалната група на Етем Абаз имале некои нерасчистени сметки со заменик-министерот, произлегува од пријавата.

„Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов“, пишуваат медиумите блиски до власта.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе