Софија

Советот за безбедност на бугарската Влада ќе ја анализира политика кон Македонија и барањето решенија

Советот за безбедност на Владата на Бугарија на состанок најавен за идната недела ќе разговара за потребата од анализа и ажурирање на целокупна политика на Софија кон Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Јанев, како што јавува бугарската агенција БТА, денеска пред новинарите во Владата кажал дека постојат теми што се на агендата на општеството и дека една од овие теми е потребата да се анализира и ажурира целокупната политика на Бугарија кон  Република Северна Македонија.

„Ова особено се однесува во делот на развојот на политичкиот процес во Република Северна Македонија, но и на нашето политичко однесување и потрага по идни решенија во интерес на народите на двете земји“, рече Јанев.

Според Јанев, предлогот е да се разговара за целокупната политика на Бугарија кон Македонија, без да се излегува од рамката усвоена од бугарскиот Парламент.

„Целта е да се бараат практични решенија што ќе дадат појдовни точки во надворешната политика на Бугарија, така што таа ќе биде разбрана меѓу нејзините сојузници во ЕУ и ќе има стабилни пораки и решенија во интерес на нашиот национален интерес“, вели Јанев.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе