Советот на Воден не дозволи да се учи македонски јазик во училиштата преку Интернет

Градскиот совет на Воден го отфрлил барањето за вклучување на македонскиот јазик во грчките јавни училишта преку курсеви на Интернет, објавуваат грчки медиуми.

„Градскиот совет на Воден едногласно донесе одлука со која се отфрла барањето на една националистичка про-Скопје група која што повика на вклучување на таканаречениот македонски јазик.

Групата, позната како АМКЕ Крсте Мисирков неодамна поднесе провокативна петиција до грчкото Министерство за образовни и религиозни прашања и повика на примена на клаузула од Спогодбата од Франција од 1923 година со која се овозможува обезбедување услови за изучување јазици, различни од грчкиот јазик, во јавните училишта“, пишуваат медиумите.

Во петицијата, според нви, пишувало дека „оваа програма за граѓаните на Воден ќе биде пилот програма и ќе има ограничен број учесници, а бесплатно ќе ја овозможи групата АМКЕ Крсте Мисирков која што ќе ги покрие трошоците за Интернет врската, користење на платформата за учење и за неопходната опрема.

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе