четврток, 18 април 2024

Германија: Уапсени двајца осомничени руски шпиони

Двајца осомничени руски шпиони, кои се сомничат за планирање саботажа и поткопување на воената поддршка на Украина, се уапсени во Германија, соопштија германски обвинители.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата мажи, кои имаат и германско државјанство, се уапсени во Баварија, на југоистокот на земјата.

Уапсените, кои се идентификувани како Дитер С. и Александер Ј., се обвинети дека вршеле извидување на потенцијални цели за напади.

Тие, како што се наведува, извидувале и објекти на американските оружени сили стационирани во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ