Советот на амбасадори го осуди секој вандалски чин и повика на дијалог за францускиот предлог

Советот на амбасадори изразува загриженост поради радикализација на политичките состојби во општеството со висок потенцијал на нарушување на меѓуетничките односи во земјата и смета оти „се добива впечаток дека одредени политички партии ги цена на нарушување на мириниот меѓуетнички живот". Советот повикува на отворен дијалог и аргументирна расправа на претставниците на политичките партии во дебатите во парламент и со претставниците на Владата.

Фото: Архива

„Признавајќи го уставното право на граѓаните да ги изразуваат нивните ставови и чувства преку демонстрации на мирен и достоинствен начин, Советот на амбасадори го осудува секој обид или форма на вандалско однесување на поединци или организирана група на демонстранти, како што ги имаше во последните два дена на овие мировни манифестации“, информира Извршниот одбор на Совет на амбасадори, наведувајќи дека внимателно го следи развојот на настаните поврзани со јавната дебата околу содржината на францускиот предлог за интеграција на земјава во ЕУ преку симнување на бугарското вето, како и протестите на граѓаните.

Совет на амбасадори посочува дека нема цел да ги стигматизира политичарите или интелектуалците, а уште помалку, како што е наведено, граѓаните кои демонстрираат или ги подржуваат овие манифестации.

„Но, е против агресивните и ирационални испади, физички насилства кои имаат цел да ја дестабилизираат земјата или по пат на насилство да ја оневозможат интеграцијата на државата во ЕУ. Советот исто така е против лансирање на секој вид лажни вести со цел манипулација со јавното мислење, поттикнувањето на разни сценарија од странска провениенција, држејки се цврсто до нашата НАТО ориентација и ЕУ интеграција“, пишува во реакцијата на Советот на амбасадори.

Оттаму апелираат на смиреност на граѓаните и на отворен дијалог и аргументирна расправа на претставниците на политичките партии во дебатите во парламент и со претставниците на Владата.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе