Отворено писмо

Советникот на Левица до министерот Бектеши: И Гевгелија како Арачиново

Ви се обраќам како советник во Општина Гевгелија, а инспириран од вашето успешно решение на проблемот со струјата во Арачиново. Ова го правам затоа што и ние во Гевгелија имаме проблем со струјата, пишува советникот во Општина Гевгелија Саше Јанчев во отвпреното писмо до министерот за економија Крешкик Бектеши.

„Конкретно, Гевгелија пие вода од бунари. Водата од бунарите се вади со пумпи кои работат на струја, а кои се надлежност на Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец” - Гевгелија. Како што знаете цената на струјата драстично се покачи. Според сегашното раководство на претпријатието, тоа не е способно да ги плати сметките за струја. Според нив опциите се или да останеме без претпријатието, кое покрај довод ги дава и сите други јавни услуги во Општината, или да се покачи цената на услугите.

Во Гевгелија луѓето редовно си плаќаат сметки. Нема загуби од 80 проценти или загуби од околу 6 милиони евра годишно во струја. Нема да ви се верува, но некогаш прво сметки плаќаат, па после прават математика дали има за леб. И сето тоа, сега за мое неверување, без ни да помислат да ги запалат локалната и централна власт.

Во таква ситуација, само Вие ми доаѓате на ум како некој кој е способен да го реши случајот и да не извади од оваа агонија имајќи го предвид случајот со Арачиново.

‘Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза’. Ова го кажавте во контекст на решавањето на проблемот во Арачиново.

Да го примениме ова истово и во Гевгелија со тоа што тука на сето погоре од вас цитирано ќе додадеме и решение на идна криза со водата за пиење, собирање и одлагање на отпад, чистење на Општина Гевгелија и што уште не.

Работата е опасна. Дадете му уверение на снабдувачот со електрична енергија како што тоа го сторивте со ЕВН во Арачиново, па да ни замижат за сметките на претпријатието за да не останеме првенствено без вода. Или пак дајте некое милионче парична помош како што тоа се прави за Арачиново за да го заштитиме семејниот буџет. Или пак нешто трето. Верувам во Вашата докажана способност.

Кога веќе централната власт се меша во ова, за детали на проблемот може совет да ви дадат двете колешки од владината коалиција, а сега пратенички во Собранието кои се избрани од ИЕ 4, Mарија Костадинова и Драгица Ѓавочанова. Ако се решите за уверување кон снабдувачот на струја, заедно повеќе ќе ви тежи уверувањето“, пишува советникот од Гевгелија Саше Јанчев.

Министерот за економија Крешник Бектеши деновиве изјави дека обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт е да создадат основни услови за сите жители и да побараат од жителите да си ги исполнат обврските. „За Општина Арачиново со години се зборува, штета што во XXI век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за Општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично“, рече Бектеши.

Тој истакна дека во Општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената е штета од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета од 100 милиони евра по сегашни цени.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе