Охриѓанец обвинува

Советникот и иден пратеник од ДУИ, Нефи Усеини со пиштол претепал човек

Охриѓанецот Спире Топалоски тврди, дека советникот во Општина Охрид и иден пратеник, Нефи Усеини заедно со уште неколку лица, утрово го нападнал и претепал пред хотел во близина на градот.

Нефи Усеини, советникот во Општина Охрид, познат во јавноста по своите дивоградби и испади, со пиштол го нападнал Спире Топалоски во охридски хотел, мавајќи го по глава со рачката заедно со уште неколкумина пред неговиот 14-годишен син.

Тој е пријавен и во полициска станица, а инцидентот се случил утрово. Од полицијата само велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според кажувањата, Усеини им правел притисок и на одговорните во хотелот да не ја даваат снимката од инцидентот на полицијата.

„Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рекол Топалоски.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе