БЕСА обвинува

Советник на ДУИ физички нападнал советник на БЕСА

Денеска на седницата на советот на општина Охрид дошло до физичка пресметка помеѓу советниците Нефи Усеини, од ДУИ и Џемал Мена, од БЕСА.

Поради овој инцидент реагираа од партијата БЕСА.

„На многу срамно и екстремно ниско ниво, советникот од БЕСА во општина Охрид, Џемал Мена, е физички нападнат од советник на ДУИ. Движењето БЕСА остро го осудува нападот врз нашиот советник, кој се бори и ги брани правата на охридските Албанци, а беше нападнат токму за време на седницата на општинскиот совет на Охрид”. Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, таа ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминализиран и корумпиран овој политички субјект. Случајот за кој станува збор е пријавен во полицијата и сите странски амбасади ќе бидат известени. Очекуваме дека ова ќе  добие вистински епилог. Исто така, Движењето БЕСА ги повикува сите надлежни органи сериозно да го осудат нападот врз  партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид”, велат од БЕСА.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе