Реакција

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов е неспособен, капитулираше пред комарците

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги остави на немилост скопјани на комарците среде лето, а Скопје има градоначалник чија опасна неспособност го загрозува здравјето на скопјани, порачуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање против комарци се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов. Не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго. Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник. Комарците среде се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача. Тоа покажува и дека Скопје има градоначалник популист и површен политичар кој го довлекува вниманието од вистинските теми важни за скопјани", се вели во реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе