Канбера

Совети за австралиските туристи во Македонија: Загадување, лошо здравство, ситен криминал...

За австралиските туристи кои планираат да ја посетат Македонија, на официјалниот сајт на австралиската влада пишува дека е неопходен висок степен на претпазливост. Може да се појават политички мотивирани граѓански немири кои можат да станат насилни, избегнувајте протести и демонстрации, се дел од советите.

Австралиските власти сметаат дека во Македонија има многу ситен криминал, главно по големите градови и по аеродромите. Бидете претпазливи со вашите торби, грижете се за вашите работи, пишува на сајтот на австралиските власти.

За Скопје пишува дека се можни насилни протести, дека се можни меѓуетнички судири меѓу Македонците и Албанците, кои можат да се случат насекаде и дека треба да се избегнуваат.

Загадувањето на воздухот е едно од посериозните прашања во делови од земјата, вклучувајќи го и Скопје. Ако имате проблеми со дишењето, посоветувајте се со вашит доктор пред да патувате, е еден од советите на австралиските власти за нивните туристи.

„Водата треба да се преврие или пијте вода од шишиња... Здтавството е лошо. Лекарите и болниците обично бараат депозит пред почетокот на третманот. Ако станете сериозно болни или повредени, ќе треба да бидете евакуирани. Проверете дали вашето патничко осигурување го покрива ова... Истополовите односи се легални, но не секогаш прифатени. Избегнувајте јавно прикажувања на љубов“, пишува во прирачникот на Австралија за нивните туристи кои планираат да ја посетат Македонија.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе