Корепортерите Харалд Бергман од Холандија и Зденек Броз од Чешка ги поздравија тие заложби на владата во Скопје, со усвојување на новата програма за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026.
„Сепак, има постојано недоволна јасност и во законот и во пракса што се однесува до поделбата на компетенции, што води кон нивно преклопување“, забележува Бергман.
Според него, на локалните власти им требаат адекватни финансиски извори за извршување на работите, со оглед дека општините и натаму се многу зависни од парите што ги добиваат од владата.
Во своите препораки Конгресот ги повикува властите да се посветат на постојните проблеми и натамошно пренесување на овластувањата на локалната самоуправа.
„На крајот неопходно е адекватно финансирање, а владата на Северна Македонија да ги зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет“, пишува во препораката.
Исто така, Владата се охрабрува да ја подобри дигитализацијата и антикорупциските мерки и да спроведе програми за подобрување на капацитетите на локално ниво.