Совет на амбасадори: Вистинската судска разврска на „Рекет“ ќе биде гарант дека сме правна држава

Советот на aмбасадори ги поддржа ставовите на претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со случајот „Рекет“. Во денешното соопштение амбасадорите велат дека  со големо внимание и загриженост ги следат расположливите информации поврзани со случајот во кој покрај деловни и естрадни и новинарски личности се наводно инволвирани и членови на СЈО, на правосудните власти и познати имиња на функционери од разни државни институции, но и партиски членови на разни позиции.

„Советот на амбасадори дава целосна поддршка на претседателот Стево Пендаровски за неговите цврсти ставови и пораки изразени на вчерашната конференција за медиумите. Недвосмислено, претседателот државнички застана зад принципите на правната држава и интересите на граѓаните, како и кредибилитетот на нашата држава со насочено внимание кон евроатланската агенда на Македонија. Ние, поранешните амбасадори кои членуваат во Советот на амбасадори би сакале да ја изразиме нашата определеност и заедно со истакнатите заложби на претседателот Пендаровски да придонесеме за зачувување на довербата на меѓународната заедница која може да биде сочувана и почитувана со целосно расветлување на овој случај од страна на истражните и судските органи“, се наведува во соопштението.

Од Советот додаваат дека после три децении, на прагот сме да ги оствариме нашите декларирани стратешки надворешно-политички заложби – членство во НАТО и добивање датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, а уште поважно е и враќањето на довербата на граѓаните дека градиме демократска држава по европските стандарди.

„Можни се натамошни непредвидени пречки во остварување на тие цели, но од своја страна треба да ги елиминираме сите можни пречки на тој пат. Правилната и вистинската судска разврска ќе биде гарант дека сме правна држава во која владеењето на правото се применува врз секој граѓанин на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе