Совет на амбасадори: Поблиску сме до датум за почеток на преговорите со ЕУ

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори денеска преку соопштение ја поздрави веста дека Европската комисија ја доставила до Советот на ЕУ предлог рамката за преговари на Република Северна Македонија со Унијата.

„Советот на амбасадори смета дека во време на искучително сложена пандемска ситуација прашањето за постапката за отпочнување на преговори на земјите од Западен Балкан и посебно за нашата земја е значајно за патот кон евроинтеграциите. Факт е дека од осамостојувањето па сé до денешните денови ние сме многу поблиску земјата конечно да добие и датум за отпочнување на преговарачкиот процес. Склучените договори со Бугарија и Грција се потврда дека кај нас во последните три години интензивно се работи на отворање на нова страница во меѓународните односи со што се унапредени меѓусоседстските односи, еден од клучните Копенхашки критериуми“, наведуваат од Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори се заблагодарува до државните институции и лидери на Хрватска за вложените напори за поддршка на нашата земја при донесување на одлука за отворање на преговарачкиот процес со ЕУ за време на нејзиното претседавање со Унијата.

„Советот на амбасадори е убеден дека од овој момент заеднички во земјата ќе работиме и ќе ги заокружиме бараните реформи во понатамошен од кон Унијата и конечно за време на претседавањето на Германија да се оддржи и меѓувладината конференција и на крајот Република Северна Македонија да добие и датум за започнување на преговорите. Советот е исто така убеден дека земјата ги има направено потребните подготовки за успешно завршување на преговорите во најдобар очекуван можен рок со што успешно ќе го заокружи целиот процес на интегрирање во ЕУ. За успешно финализирање на овој процес Советот ги повикува граѓаните, политичките партии и идната влада безрезервно и со голема одговорност го дадат својот придонес во борбата против коронавирусот а особено во предизборниот процес успешно да реализираме слободни , демократски и фер избори“, порачуваат од Советот на амбасадори.

Советот на Амбасадори изразува и жалење, што, како што велат, некои политички партии во нивните предизборни спотови и на моменти со груб и навредлив политчкиот жаргон се враќаат на веќе заборавени теми од минатото, наместо да нудат европски парспективи за граѓаните. Во овој контекст Советот смета дека ангажирањето на децата во политички настани е непримерен акт спротивен на меѓународните конвенции и како таков заслужува осуда, се наведува во соопштението.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе