Реакција

Совет на амбасадори: Не веруваме дека ставот на Вархеји е и став на ЕУ

Изнесениот условен став на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не веруваме дека може да биде и став на Европската Унија. За ова пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата  и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот, се вели во реакцијата на здруженито за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори.

Од Советот на амбасадори велат дека со посебна загриженост ја примиле најавата на Вархеји за време на негавата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно  Македонија и Албанија да  бидат поделени во нивниот пат до полно членство во ЕУ ако Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу  идентитетските прашања.

„Прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања.
Таквата опција ќе даде негативни импликации за земјата и за регионот, ќе го зголеми степенот на евроскептицизмот и песимизмот кај граѓаните и непотребно ќе го оддолжи патот на Република Северна Македонија кон полноправното членство во Унијата.

Го повикуваме Оливер Вархеји и неговата матична земја како и лидерите на  другите земји членки на Унијата да  вложат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ“, се вели во реакцијата на Советот на амбасадори.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе