Советот на Амбасадори ja повикa Бугарија да го симне ветото против Македонија

Денеска Советот на Амбасадори во соопштение ја поздрави и одлуката на Финска да побара прием за полноправно членство во НАТО како и готовноста на Алијансата во брза процедура да ги прими Финска и Шведска како полноправни членки во полза на зацрвстување на мирот и безбедноста како и просперитетот во тој регион и цела Европа.

Советот на Амбасадори ја поздравува изјавата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Г-7 и Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изразена во зеадничка Декларација од завчерашната средба во германското место Вајзенхаус дека силно го поддржуваат брзото отворање на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и со тоа ја афирмираат нивната определност за поддршка на европската перспектива на шесте земји на Западен Балкан со цел да се обезбеди сигурноста, стабилноста и просперитетот на регионот.

„Во однос на одлагањето на меѓувладината средба со Република Бугарија која требаше да се одржи овие денови поради „неисполнување на задачите„ од страна на Северна Македонија, како соопштуваат бугарските институции, Советот на амбасадори го изразува своето разочарување од несериозниот и условувачки пристап на бугарските државни институции кон унапредувањето на пријателските билатерални односи меѓу двете земји и смета дека тие односи може да се унапредуваат единствено со взаемно прифаќање и почитување на европските вредности,“ се наведува во соопштението.

Совет на Амбасадори ги повикува бугарските државни институции конечно да го симнат ветото против Македонија со цел да придонесуваат на просперитеот, мирот и безбедноста на регионот во овие кризни времиња, се дополнува во соопштението од Извршниот Одбор на СА. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе