Поради коронавирусот

Состаноците во МФ ќе се држат телеконференциски, странките да се обраќаат по телефон и имејл

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (коронавирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично, да контактираат на имејлот: infromacii@finance.gov.mk или на телефонскиот број 02/3255-300, како и на мејловите и телефонските броеви објавени на веб-страната на Министерството за финансии.

Исто така, од таму препорачуваат преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски - да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење на хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал).

Потребните состаноци секторите ќе ги држат преку телеконференциска врска.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе