Сопругата на пратеникот Рамчиловиќ вработена во МВР

Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.

Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, дознава „А1он".

„А1он" му се јави на Рамчиловиќ, кој немаше време да даде одговор за тоа дали сопругата е вработена со негова заслуга или се пријавила на оглас распишан од МВР и кусо рече: „Не можам да разговарам, во Унгарија сум". Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според нашите информации, во СВР секојдневно на работа се појавувале нововработени, а најмногу лица, односно над 20 нововработени, дошле вчера. Изминатиов период во МВР имало и низа унапредувања, па, така, келнерот на екстехничкиот министер Агим Нухиу сега работи како советник во СВР.

Претходно, вработени беа и членови на семејствата на пратениците Мира Стојчевска, Емилија Александрова и Горан Мисовски во државни институции. Во јавноста се коментира дека вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе