Ќе се врши финансиска ревизија на работењето на Иванов

Кабинетот на Пендаровски ги соопшти имињата на новите членови

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ги соопшти имињата на новите членови. Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Билјана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.

Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.

Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Пендаровски го назначил Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Кабинетите на претседателот и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се во постојана комуникација и во скоро време се очекува нивна средба.

„Она што е битно по инаугурацијата е присуството на претставници на петте соседи и присуството на опозицијата. Тоа се случува за првпат после 25 години со претседателите на Македонија. Со претставниците на сите соседи средбите не беа само протоколарни туку навистина многу конструктивни сето ова претставува добар знак за државата", вели претседателот Пендаровски.

Тој информираше дека досега се потпишани над 30 закони кои што беа останати непотпишани од страна на претходниот претседател и она што е направено за овој краток период е промена на сите печати, меморандуми, табли, а печатите ќе бидат со новото име и на албански јазик.

Во подготовка е и интернет страницата на претседателот на државата која што исто така ќе биде двојазична, и на македонски и на албански.

Инаку, според информациите од Кабинетот, Пендаровски дал налог да се изврши финансиска ревизија на работата на неговиот претходник, а ќе се изврши и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот управен инспекторат за да се види како е водена архивата.

Првата надворешна посета на новиот претседател ќе биде на Брисел, во јуни, пред Самитот на ЕУ.

А.Д.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе