СОНК: Учебната година да почне со нова енергија и надеж

Успешна нова учебна година на вработените во образованието им посака лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков.

Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси ... Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук.

Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование. Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе