Солза Грчева, на нејзино барање, се сретна со претседателот Пендаровски

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, денеска на нејзино барање, се сретнала со претседателот Стево Пендаровски и му ги пренела ставовите на нејзината партија во врска со изборниот систем, финансирањето на политичките партии, и медиумското претставување на политичките партии во изборниот период.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, го повторил својот став дека дава поддршка на иницијативата на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за изборниот модел преку измена на изборниот законик.

„Претседателот Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото, и правото на фер и слободни избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе