По изјавата на Каракачанов

Сојузниците и Бугарија треба да помагаат, а не да одмагаат, вели Шекеринска

Од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека Бугарија не е против, но смета дека не е време за одржување на меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ, Шекеринска рече дека ваквите изјави не помагаат и не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика. Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина”, изјави Шекеринска на денешната прес-конференција.

Според неа, сега е моментот кога се гледа колку навистина сакаме да градиме добрососедски односи. 

„Ние, нашиот тест го поминавме”, додаде таа.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе