Софиското обвинителство ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска глава

Софиското обвинителство отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

Од обвинителството, како што објавува БГНЕС, соопштиле дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот.

Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.

Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во земјава. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители. 

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе