„Ставот е познат, ама не е дел од Договорот“

Софиски „Дневник“: Бугарија го блокира договорот на Фронтекс со Скопје поради „македонскиот јазик“

Бугарија е единствената држава која го блокира важниот договор за гранично управување меѓу Македонија и европската служба за безбедност, Фронтекс, а проблемот во „македонскиот јазик“, пишува софиски „Дневник“, повикувајќи се на изјава од портпарол на Европската комисија.

Се работи за договор за кој разговорите се почнати во јули 2018 година и кој му овозможува на Фронтекс да спроведува операции и да испраќа свои тимови во граничните региони на ЕУ со цел справување со нелегалната миграција.

Црна Гора и Србија, како што пишува весникот, веќе имаат склучено вакви договори кои се применуваат од ова лето, а со Албанија уште во мај лани кога Фронтекст ја започна првата операција на територија на земја сосед на ЕУ која се уште не е членка.

„Договорот со Фронтекс е втората тема за која Бугарија поставува пречка за Македонија на европско ниво. Првата е почетокот на преговорите на Скопје со ЕУ, условен со напредок во однос на спорните прашања од историјата, употребата на ‘македонски јазик‘ и теми како што е македонското малцинство кое Северна Македонија има обврска да не го промовира и поддржува според Договорот за добрососедство. Во рамковната позиција на Бугарија се бара Северна Македонија да се воздржи од употребата на изразот ‘македонски јазик‘, чие постоење Софија не го признава“, пишува бугарскиот весник.
Во текстот уште се додава дека основното барање на Софија до Скопје е придржување кон Договорот за добрососедство но, иако позицијата на Бугарија за македонскиот јазик е позната е со години непроменета, тоа не е дел од Договорот.


Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе