Софиски „24 часа“: Компромисот на Заев е дека зборуваме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни

Зборуваме на ист јазик, но меѓународно признаен како два различни. Ова, според бугарскиот весник „24 часа“, е компромисот што го предложил премиерот Зоран Заев во Софија. Но не се конкретизира кој е тој јазик. Заев, како што пишува весникот, дошол во Софија со уште 4 други предлози за да потпише политичка декларација.

Заев наводно се согласил на измени во учебниците по историја во однос на историските личности и периоди, но во текстот се потсетува дека официјална Софија не ја прифаќа формулацијата дека документите се потпишуваат на македонски јазик и инсистира да стои „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“.

На вчерашната прес-конференција ниту Заев ниту бугарскиот премиер Стефан Јанев не одговорија конкретно за какви предлози од Македонија се работи, но весникот, повикувајќи се на извори од бугарската влада, вели дека гостинот од Скопје дошол со пет компромиси, кои требало да бидат вклучени во политичка декларација.

Меѓу другото, формулацијата за јазичниот спор била дека Бугарите и Македонците истовремено говорат на ист јазик, но и на различни, кои меѓународно се одделно признаени.

Исто така, се предвидувала и изјава дека двата народи се братски.

Заев на прес-конференцијата најави дека пред влезот во ЕУ ќе биде отворен македонскиот Устав и во Преамбулата ќе бидат вметнати и Бугарите и Хрватите, а најави и отворање на архивите и досиејата од времето на Студената војна за да се разјаснеле „репресиите на кои биле подложени Бугарите во тогашна Македонија“.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе