Во Словенија ново барање од Бугарија

Софија од Скопје сака нов правнообврзувачки документ за македонските Бугари

Нашите европски партнери сѐ повеќе и повеќе ја разбираат природата на проблемот со Република Северна Македонија. Сакаме јасен правно обврзувачки документ за проблемите со македонските Бугари. Нашите позиции се јасни – сѐ додека не се почитуваат основните права кон нашите сонародници и целосно не се интегрираат, не можеме да кажеме„ да“ за почеток на преговорите, изјави Румен Радев, претседателот на Бугарија по средбите со германската канцеларката Меркел и претседателот Емануел Макрон, потоа и со премиерот на земјата кандидат Зоран Заев во Брдо кај Крањ, Словенија.

„Суштината на проблемот е во систематската дебугаризација, систематското уништување, со години, на бугарското културно-историско наследство во оваа земја. Човековите права се основни принципи, длабоко вкоренети во ЕУ. Овие состаноци се одржуваат во позадина на бројните информации за прогон и закани за лица со бугарски идентитет за време на пописот во Северна Македонија, за замена на бугарските споменици во Северма Македонија. Темата е исклучително важна за нашиот регион, за македонските Бугари, за местото и улогата на Бугарија во ЕУ и за нашето достоинство како нација. Нашите позиции се јасни – сѐ додека не се почитуваат основните права кон нашите сонародници и целосно не се интегрираат, не можеме да кажеме„ да “за почеток на преговорите. Непочитувањето на правата на македонските Бугари, кои се државјани на Република Бугарија, е предизвик за ЕУ. Бидејќи тие се државјани на Бугарија, тие се и државјани на Унијата. Повикав на европска солидарност. Ова не е вето, ниту запирање на процесот. Ние сакаме само да се почитуваат европските принципи. Очекуваме овој процес да запре, да се искорени говорот на омраза, заблудата и толкувањето за Бугарија во учебниците, музеите, по спомениците, во јавниот говор, во јавната политика. Тогаш нашите луѓе се подготвени да кажат „да“ за почеток на преговорите. Сакаме јасен правнообврзувачки документ за овој процес. Кај нашите луѓе е зголемена чувствителноста кон овие прашања. Нема бугарски политичар кој не го почитува ова“, ја пренесуваат бугарските медиуми изјавата на Радев.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе