Според бугарскиот политиколог

Софија нема интерес од признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, вели Минчев

Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, објави на Фејсбук познатиот бугарски политиколог Огнен Минчев

Минчев смета дека врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоопределување и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.

Минчев во објавата додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.

„Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки. Големата ‘беља‘ што ја направија разни „патриоти“, не може да биде поправена со нови ‘идиотски решенија‘, извадени од контекст и национален интерес“, вели Минчев.

Во петокот вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Министерството за надворешни работи би сакало Бугарите во Северна Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.  

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе