Софија: Границите на Балканот се неприкосновени, го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија

Бугарија е категорично против каква било промена на границите. Бугарија е против промената на границите во Југоисточна Европа и го поддржуваме територијалниот интегритет на Република Македонија. Ова за БГНЕС го одговорија од Министерството на надворешни работи на Бугарија.

„Позицијата на Бугарија во однос на неприкосновеноста на границите се основа на принципите на меѓународното право. Декларацијата на Народното собрание од 28 април е потврда на таа наша позиција, во која се изразува поткрепата за државното единство и за територијалниот интегритет на Република Македонија“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на прашањето на БГНЕС дали Бугарија ја поддржува позицијата на своите најважни стратешки сојузници САД и Германија, за неприкосновеноста на границите на Балканот.

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе