Пред заедничката седница на бугарската и македонската влада

Софија ги формира работните групи за соработка со Скопје

И бугарската Влада ги формира работните групи за соработка со Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, за време на посетата на Петков на Скопје Со наредба на премиерот, формирани се четирите меѓуресорски групи за соработка со Македонија.

Во меѓувладината група за соработка во областите економија, трговија и иновации копретседавачи се заменик-премиерот за економија и индустрија и министер за економија, Корнелија Нинова, вицепремиерот за еврофондовите и министер за финансии, Асен Василев и министерот за иновации и раст, Даниел Лорер. Во работната група ќе членуваат претставници на Министерството за економија и индустрија, Министерството за иновации и раст, Министерството за земјоделство, Министерството за надворешни работи и на администрацијата на Владата.

Како што јавува МИА, копретседавачи на работната за инфраструктура, транспорт и поврзување се вицепремиерот за регионален развој и јавни работи и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за транспорт и врски Николај Сабев и министерот за енергетика Александар Николов. За членови на работната група се именувани претставници на Министерството за регионален развој и јавни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за енергетика, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Советот на министри.

Третата работна група е за европската соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото. Копретседавачи се вицепремиерот за климатски политики и министер за животна средина и води Борислав Сандов, вицепремиерката за ефикасно владеење Калина Константинова и министерката за правда Надежда Јорданова. Во работната група учествуваат претставници на Министерството за животна средина и води, Министерството за правда, Министерството за електронска влада, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Советот на министри.

Четвртата меѓуресорска група ќе работи во областите на културата, науката и образованието и младите. Копретседавачи се министерот за образование и наука Николај Денков, министерот за култура Атанас Атанасов, министерот за туризам Христо Проданов и министерот за млади и спорт Радостин Василев. За членови на работната група се именувани претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за туризам, Министерството за млади и спорт и администрацијата на Владата.

Премиерите најавуваа пет работни групи, петтата е историската, но двете влади не формираа засебна работна група, а според она што го кажаа Ковачевски и Петков на прес-конференцијата во Скопје, оваа област ја покрива Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, но не прецизираа дали ќе остане да работи во сегашниот формат.

Согласно наредбата на Петков, копретседавачите на секоја од работните групи, ќе ротираат при претседавањето со состаноците на соодветната група, согласно темите, кои ќе бидат поставени на дневен ред.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе