Неизвесно двотретинското мнозинство

Собраниската седница за уставни измени презакажана за утре во 12 часот

Собраниската седница на којашто требаше да почне последната трета фаза од уставните измени согласно Договорот од Преспа е презакажана за утре во 12 часот. Првично седницата денеска требаше да се одржи во 13 часот, а потоа беше одложена за 15 часот, но не започна. Премиерот Зоран Заев денеска преговараше со партијата БЕСА на Биљал Касами и околу нивните барања, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството, но засега нема информации за текот на преговорите.

Претходно денеска премиерот Заев рече дека Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет".

„Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината. Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично“, изјави Заев.

Пред Собранието втор ден се одржува протест во организација на здруженијата „Тврдокорни", „Македонија блокира", „Македонско христијанство" и партијата „Единствена Македонија. На граѓаните пред Собранието денеска попладне им се приклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој најави дека ќе им се обрати на присутните.

За да поминат уставните измени во трета фаза е потребно двотретинско мнозинство, а како што посочи и самиот Заев, како и портпаролот на СДСМ Костадин Костадиновски, дали такво мнозинство има ќе се знае на денот на гласањето. Притоа не посочија кога точно тоа ќе се случи.

МИА

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе