Собраниската седница за пакетот социјални закони продолжува утре

Пратениците во попладневниот дел од работата на 98-та седница на Собранието на Република Северна Македонија дискутираа по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигурување во случај на невработеност, двата во прво читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по завршување на општата расправа по предлог законот за вработување и осигурување во случај на невработеност во прво читање, ја прекина работата на седницата и гласањето го одложи за утре, бидејќи, како што рече, нема кворим поради работењето на повеќе собраниски комисии.

„Овде ја прекинувам работата со оваа седница. Со истата ќе продолжиме утре во 11.00 часот. По завршување на 98. седница, на која треба да се гласа пакетот социјални закони, утре продолжуваме со 93. седница на Собранието на Северна Македонија“, изјави Џафери.

Во однос на предлог измените за законот за данокот на додадена вредност, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рекоа дека ќе ги поддржат сите закони решенија каде има намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти, иако како што рекоа, се работи само за едно намалување и тоа за лековите од ветеринарна медицина.

Според нив воведувањето на рамниот данок дало ефект, додека прогресивното оданочување за жал само го зголемило одливот на кадар од земјата.

По овие предлог законски решенија пратениците ќе се произнесат на утрешното продолжение на седницата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе