Завршна годишна изјава

Собраниската седница за избор на влада најверојатно ќе биде на 15 и 16 јануари, најави Џафери

Претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по што течат роковите за состав на влада и програма, најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Најверојатно седница во Собранието за гласање ќе биде на 15 и 16 јануари“, изјави Џафери.

По завршната годишна изјава на Џафери во Собранието, на новинарско прашање околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на седница за пратенички прашања, одговори дека тоа е беспредметно и истото ќе биде вратено.

Говорејќи за работата на Собранието во изминатата година, Џафери рече дека, за жал и оваа година биле принудени да функционираат следејќи ги протоколите за заштита од ковид-19, што наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом, а покрај тоа, константно имало и отсуства на пратеници поради заболување со вирусот.

„Комисиски и пленарните седници, како што знаете, се одвиваа без Ваше присуство што беше хендикеп и за Вас и за нас, меѓутоа, тоа го налагаа здравствените протоколи, Настојувавме да нема други настани, собири, на кои би имало поголема група луѓе во затворен простор. И понатаму продолживме пленарните седници да ги држиме во Големата сала на Собранието, попозната како Купола, што од друга страна наметнуваше малку поедноставен начин на гласање и пребројување на гласовите на пратениците.   

„Оваа година имавме и редовни локални избори кои наметнуваат одредени ограничување врз основа на Деловникот за работа на Собранието, за работа во време на изборни активности така што во тој период не одржувавме пленарни и комисиски седници. Покрај тоа, познато ви е дека по изборите и по најавената оставка на претседателот на Владата, настана период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна или техничка функционалност на домашните институции меѓу кои и Собранието се разбира“, кажа Џафери.

Тој ја објави и целокупната работа на Собранието во изминатата година.

Од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени, а незавршени пленарни седници се вкупно 20. Во 2021 година донесени се вкупно 209 закони од кои 111 се донесени во редовна постапка, а 79 во скратена постапка. Гледано по подносител, 188 се поднесени од Влада на Република Северна Македонија, а 21 се поднесени од пратеници во Собранието. Исто така, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји.

Преостанати, незавршени точки кои што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни:

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,  7 точки;

Комисија за европски прашања –  12 точки;

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки;

Комисија за одбрана и безбедност – 1 точка;

Комисија за здравство, 2 точки;

Комисија за финансирање и буџет – 6 точки;

Комисија за образование, наука и спорт – 5 точки;

Комисија за економски прашања, 4 точки;

Комисија за транспорт, врски и екологија, 9 точки.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе